FoodGuru Манифесто
Секоја револуција има потреба од манифест. Ова е нашиот, напишан од нас - тимот на Food Guru.
Од самиот почеток, наша најголема цел е да направиме промена во индустријата каде и е повеќе од потребна, и со тоа ќе ги задоволиме потребите на сите - дури и на оние кои најмалку се снаоѓаат со современи технологии.
Лесно и едноставно - Со револуционерен продукт за традиционална услуга, најнова технологија, креативен пристап, стручен кадар, искрени намери и огромна желба да успееме.
Затоа што вие и ние - неконвенционалите мислители кои замислуваме, измислуваме и креираме, заедно можеме да менуваме, подобруваме, и исполнуваме многу.