
Во Food Guru, наша цел е да направиме промена во индустријата за достава за храна и со тоа да ја зајакнеме локалната економија. За да можеме да го направиме ова, потребни сте ни Вие - бизнисите на територија на град Скопје, за почеток.
Нашата визија е вам да ви понудиме фер услови, нови можности, лесен пристап и професионална соработка. Ние веруваме во тоа дека додека еден член од Food Guru приказната е задоволен, задоволни ќе бидат сите останати, така што решивме да тргнеме од Вас.
Патот до посакуваната промена што сакаме да ја направиме нема да биде лесен.
Напротив, заедно ќе се соочиме со еден тон предизвици, разочарувања но и значајни победи. Токму заради тоа, бараме партнери кои се доволно храбри да се придружат на револуцијата каде ќе го решиме секој невозможен проблем, одговорно ќе работиме за корисниците секој ден, и заедно ќе помогнеме каде можеме.
Дали сте подготвени за предизвикот? Придружете ни се денес!