FoodGuru MK
Додадено во кошничка!
Normal Mode
Fitness Mode
Normal Mode
Fitness Mode
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена eMail адреса. Пробај повторно!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност на личните податоци на корисниците врши уредување на начинот на кој ФУД ГУРУ ДОО ги собира, користи, одржува и заштитува личните податоци на корисниците на www.FoodGuru.mk. Со поставување на политика за заштита на личните податоци, ние како компанија имаме за цел уредување на правото за заштита на приватноста и сигурноста на личните податоци кои се цел на обработка.

СО ВНИМАТЕЛНО ЧИТАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ, ОДНОСНО СО ПРИСТАПУВАЊЕТО ИЛИ КОРИСТЕЊЕТО НА ВЕБ СТРАНАТА FOODGURU.MK, KOРИСНИКОТ ПРИЗНАВА ДЕКА ГИ ПРОЧИТАЛ, РАЗБРАЛ, И Е СОГЛАСЕН СО СИТЕ УСЛОВИ ДЕФИНИРАНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА. ДОКОЛКУ КОРИСНИКОТ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ОВИЕ УСЛОВИ, ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТИ ВЕБ СТРАНАТА И ЦЕЛОСНО ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД НЕЈЗИНО КОРИСТЕЊЕ.

Оваа политика за заштита на личните податоци, зависно од нашите идни практики може да биде предмет на промени и дополнувања.

Прибирањето на лични податоци за корисниците на оваа веб страна е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.







ПОДАТОЦИ KOИ ГИ СОБИРАМЕ

За време на посетата на интернет страната на ФУД ГУРУ, Вашата приватност целосно се почитува.

Кога станува збор за видовите на информации кои ние ги собираме од корисниците на нашата веб страна, постојат два вида на податоци кои се собираат - лични и не-лични податоци. Двата вида на информации ги собираме секој пат кога Вие (Крајните корисници) имате интеракција со нас или нашиот веб-сајт.

Оттука, собирањето на лични и не-лични податоци на корисниците се извршува кога:

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога Вие - крајниот корисник, ќе се вклучите во некои активности на веб-страницата, како на пример креирање на профил, порачување на производ или услуга од нас или од нашите соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите партнери, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите партнери повратни информации, барање информации за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот(колективно,"Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои информации за истите. Во активностите за идентификација, не е задолжително да се вклучите. Но, доколку одберете да се вклучите во некоја активност за идентификација, ние од вас може да побараме да обезбедите определени лични информации, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), емаил адреса, телефонски број и датум на раѓање. Некои од информациите кои се бараат од Вас, зависно од активноста, се задолжителни, а некои се идентификуваат како доброволни. Доколку задолжителните информации не се обезбедат а определена активност истото го бара, Вам нема да ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

КАЖИ НА ПРИЈАТЕЛ.

Во случај да се одлучите да ја користите нашата услуга за препорака или за да направите нарачка за пријател, од Вас ќе го побараме името на Вашиот пријател и неговата емаил адреса. До Вашиот пријател, автоматски ќе испратиме еднократен емаил со известување за нарачката која е направена во негово/нејзино име или ќе му/и биде испратена покана да ја посети веб страната на ФУД ГУРУ. Овие информации, ние како компанија ги зачувуваме со една единствена цел - да се испрати овој еднократен емаил, подарок нарачка која сте ја направиле за вашиот пријател и заради следење на успешноста на нашата програма за препораки.

Доколку Вашиот пријател подоцна посака неговите/нејзините информации да бидат отстранети од датабазата на ФУД ГУРУ, може да не контактира со испраќање на емаил на [email protected]

Ние ги користиме Вашите лични податоци за да Ви обезбедиме услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни кампањи, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример: доколку испратите електронска порака до службата за корисници на ФУД ГУРУ, ние можеме да ги употребиме Вашите податоци, коментари и повратни информации за промоција пред други лица за услугите на ФУД ГУРУ или пак за поставување на Вашиот коментар во маркетиншки материјали или на самата веб страна. Вашите коментари може да содржат лични информаци за Вас како што е на пример Вашето име, па затоа, пред објавување на Вашиот коментар пред јавноста, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар. Покрај тоа, доколку ја користите нашата веб страна за да испратите информација на друго лице, Вашите лични податоци исто така може да бидат зачувани. Ние, овие лични информации, може да ги користиме и за разрешување на проблеми, спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, извршување на договорите со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика на заштита на лични податоци, во согласност со важечкиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Не-лични информации се оние информации кои не го идентификуваат крајниот корисник, односно не ве идентификуваат Вас. Овој вид на информации може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и Вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние и / или наши овластени трети лица, даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие информации кога ќе ја посетите интернет страната на ФУД ГУРУ преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА УПОТРЕБА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ/НЕЈЗИНИТЕ ПОДАТОЦИ

Со цел подобрување на вашето искуство со нашата компанија, иако ги користиме Вашите лични информации со добра намера и цели, ние ви даваме можност Вие сами да одберете да не давате лични податоци, да ограничите кои податоци ќе ни ги обезбедите нам, како и да ја ограничите комуникацијата која нашата компанија ФУД ГУРУ ја има со вас.

КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние, или нашите овластени трети лица во наше име, ги користиме собраните информации образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Ние нема да ги делиме, изнајмуваме, или продаваме Вашите лични податоци на други лица освен во некои од случаите наведени подолу:

КОРИСТЕЊЕ НА НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.
Ние може да ги споделиме или откриеме Вашите не-лични податоци со нашите партнери. На пример, имаме право да споделиме агрегирани демографски податоци (кои не вклучуваат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".

ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ

Вие, како наши корисници, целосно располагате со правото да имате пристап до вашите податоци во секое време како и тоа да можете истите да ги менувате, ажурирате, или избришете од Вашиот профил креиран на нашата платформа.

Доколку сакате да пристапите, промените или избришете свои лични податоци кои нам ни ги имате оставено, логирајте се на сопствениот профил, одберете ја секцијата “Профил“ и направете ги посакуваните измени или контактирајте на емаилот [email protected]

Доколку се променат Вашите лични податоци, ние ве охрабруваме беднаш да ги ажурирате. Вие, исто така, може да побарате да бидат отстранети определени информации за Вашиот профил или истиот да ви биде деактивиран, но тоа не значи дека информации поврзани со изминати акции на веб страната ќе бидат избришани.

СЛЕДЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Со цел олеснето корисничко искуство со нашата веб страница, ФУД ГУРУ зачувува колачиња (“Сookies“) на вашиот компјутер. Колачињата претставуваат мал текстуален податок кој се складира во Вашиот компјутер и имаат за цел чување на податоците кои содржат ваши сопствени информации. ФУД ГУРУ, со цел да ви заштеди време, да ги следи вашите интереси, и да обезбеди прилагодено корисничко искуство, користи т.н. “cookies“ сè додека Вие ја користите нашата веб страна. “Сookies“, исто така, овозможуваат собирање на Ваши не-лични податоци како што се на пример интернет страни кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Иако повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат “сookies“, доколку сакате да ги одбиете истите, промените можете да ги направите на сопствениот пребарувач. Ве молиме имајте во предвид дека со бришење или одбивање на овие “сookies“, некои делови од веб страната на ФУД ГУРУ можеби нема да работат правилно.

Покрај овие технологии, ФУД ГУРУ користи и други стандардни технологии како на пример пиксел тагови кои ја пратат Вашата употреба на веб-страната и промоциите. Овие мали графички слики, подобро познати како “Pixel“ тагови се поставени во електронските пораки на ФУД ГУРУ како и на неколку страници од веб-сајтот, и нам ни овозможуваат да одредиме дали Вие имате извршена определена акција. Кога Вие ќе ја отворите вашата е-пошта или ќе пристапите до овие страници кои содржат пиксел тагови, тие генерираат не-лични информации за таа акција.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

За да ја заштитиме безбедноста на Вашите лични податоци, ние преземаме и користиме бројни мерки на претпазливост. Со внесување на сопствената лозинка и емаил адреса, Вие можете лесно и брзо да пристапите до сопствените лични податоци на веб страната на ФУД ГУРУ. Оваа лозика препорачуваме да не ја споделувате со никого за полесно вие а и ние да можеме да ги заштитиме вашите лични податоци. Личните податоци на сите корисници на ФУД ГУРУ се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Со оглед на тоа што не постои целосно сигурен пренос на податоци преку Интернет или која било друга безжична електронска мрежа, ФУД ГУРУ не може целосно да ја гарантира безбедноста на какви било информации пренесени на или од веб страната ниту сме одговорни за постапките на која било трета страна која може да ги добие сите такви податоци.

ПОЛИТИКИ ЗА ПРИВАТНОСТ НА ДРУГИ ВЕБ СТРАНИ

Оваа политика за заштита на лични податоци се однесува исклучиво на откривањето и користењето на податоци кои нашата веб страна www.FoodGuru.mk, ги собира од Вас - нашите крајни корисници. Други веб страни до кои може да се пристапи преку нашата веб страна имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на лични податоци, употреба на лични податоци, и практики на откривање на истите. Доколку преку линк од веб-сајтот на ФУД ГУРУ пристапите до друг веб-сајт, Вие сте должни да ги прочитате политиките за заштита на лични податоци на веб страницата до која сте пристапиле. ФУД ГУРУ не е одговорен ниту за практиките ниту за политиките на трети лица.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

ФУД ГУРУ не дозволува користење на веб-сајтот на деца, односно лица помали од 18 години. Таквата употреба на интернет страницата е строго забранета. Нашиот веб-сајт е дизајниран со намера да биде користен исклучиво од страна на возрасни лица. Со користење на нашата платформа, вие изјавувате дека сте возрасно лице со навршени 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетни за да можете да креирате профил на нашата веб страница како и за извршите нарачки и плаќања. Доколку дојдеме до знаење дека одреден корисник кој е регистриран на нашата веб страна е помлад од 18 години, профилот и податоците поврзани со тој корисник веднаш ќе бидат отстранети.

КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во случај да имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци, ве молиме да нè контактирате онлајн на [email protected], на телефонскиот број 070-815-662, или пак да ни испратите пошта на следната адреса:

ФУГ ГУРУ ДОО, Скопје
Ознака: Политика на приватност
ул. Булевар Партизански Одреди бр.42 Скопје, Северна Македонија


Со почит,
Тимот на ФУД ГУРУ ДОО