Добродојде на страницата на најчесто поставувани прашања на Food Guru! Ние, тимот на Food Guru, те замолуваме да ја разгледаш оваа листа со цел да го пронајдеш одговорот на прашањето кое го имаш. Доколку не успееш да го најдеш одговорот кој го бараш, исконтактирај не на емаилот [email protected].
Food Guru e платформа за пронаоѓање и достава на храна која функционира на ефикасен принцип од прво одбирање категорија на храна а потоа конкретен оброк. Како компанија, наша цел е да станеме многу повеќе од достава на храна, а истото ќе го постигнеме со многубројните уникатни карактеристики на нашиот бизнис модел и идеологија.
Кога станува збор за креирање профил на платформата на Food Guru, постојат два начина;
Одбери ја опцијата „Регистрирај Се“ во десниот агол на почетната страница и следи ги инструкциите за да креираш профил
Следи го процесот на нарачка при што последниот чекор е креирање на профил. Тука, исто така следи ги инструкциите кои ќе бидат дадени за успешно да креираш профил
За да можеш да направиш нарачка на платформата на Food Guru не е потребно да имаш профил. Ваквото правење нарачка е познато како „експрес нарачка“, чиј процес и покрај тоа што нема да обврзува правење на кориснички профил, сепак ќе обврзе внес на потребни информации за контакт како што се име, адреса, и телефонски број.
И покрај тоа што постои опција за правење нарачка без профил, креирањето на кориснички профил на нашиот веб сајт вклучува многубројни предности како што се бесплатни достави, гратис пијалоци/десерти и слично.
Независно од фактот дали си регистриран корисник или сакаш да направиш експрес нарачка, процесот на нарачување на нашата платформа е ист.
Прво потребно е да селектираш една од категориите кои се достапни на www.foodguru.mk Потоа, од истата категорија, одбери го конкретниот оброк кој сакаш да го нарачаш. Избери количина, додај или одземи состојки. За крај, кликни на „Нарачај“ и следи ги инструкциите за да можеш успешно да направиш нарачка.
Да, доставата се наплаќа.
Вработувањето на доставувачите во Фуд Гуру ДОО зависи исклучиво од желбите на доставувачите. За оние кои сакаат да бидат вработени, нашата компанија нуди вработување на база полн работен однос. Оние кои сакаат да работат хонорарно потпишуваат месечни договори.
Тимот на доставувачи на Food Guru секогаш, без исклучок, работи по упатствата кои им се дадени од наша страна. Овие упатства вклучуваат кодекс на однесување, којшто доставувачите со самото потпишување на договорите се согласуваат дека ќе го почитуваат, како и правила за достава на храна.
Пред официјалното започнување со работа, доставувачите на Food Guru поминуваат обука и тест фаза со цел да овозможиме беспрекорна услуга во секое време, секој пат.
За секое недолично, недозволиво, и казниво однесување, доставувачите на Food Guru се одговорни пред нашата компанија и во најлоши случаеви, државата.
Во моментов, Food Guru соработува со повеќе од 70 ресторани од Скопје. Нашиот тим за продажба секојдневно работи на зголемување на бројот, што значи дека очекуваме значителен напредок во периодот кој доаѓа.
Принципот според кој веб сајтот на Food Guru работи дозволува и нарачки составени од само еден оброк.
За прв пат во Скопје, Food Guru ти дава можност да нарачаш оброци од повеќе ресторани. Со нас, ти и твоите пријатели ќе можете да јадете од каде сакате, кога сакате.
За да промениш било која од веќе внесените информации на твојот профил, потребно е да кликнеш на опцијата „Профил“ која можеш да ја најдеш во десниот агол на почетната страна. Потоа одберете ја опцијата „Промена на поставки“, направи ги посакуваните промени и кликни на „Зачувај“.
Откажувањето на нарачката е дозволено единствено доколку оброкот кој е нарачан не е предаден на некој од нашите доставувачи. Во спротивно, нарачката ќе мора да биде примена и долгот за истата ќе мора да биде покриен од страна на корисникот односно оној кој ја нарачал.
Заштитната налепница служи како гаранција за безбедност на храната односно гаранција дека доставувачот кој ја врши испораката нема никаков допир со храната. Партнер-рестораните на Food Guru се оние кои се одоговорни за ставање на налепница на оброците.
Доколку нарачката пристигне без заштитна налепница, те замолуваме веднаш да го исконтактираш доставувачот кој ја извршил испораката на телефонскиот број кој можеш да го најдеш на неговиот профил. Во случај на некаков проблем при контактот со доставувачот, те замолуваме да ни пишеш на емаилот [email protected] и да ги споделиш деталите за нарачката, како и името на ресторанот од каде е направена истата.
Како компанија, ние враќаме пари во следните случаеви:
За да одземеш состојки од конкретен оброк потребно е да кликнеш на симболот „х“ кој се наоѓа до секоја состојка од листата на состојки.
Во моментот кога нарачката е направена, веб сајтот на Food Guru ќе започне со обележување на секој чекор од процесот за комплетирање на нарачка. Кога твојот доставувач ќе ја подигне нарачката од ресторанот, на твојот профил ќе се појави нотификација дека доставувачот е на пат и дека ќе пристигне за определено време.
Доколку ги имаш внесено сите потребни информации за твојата адреса (улица/број/спрат/стан) доставувачот без да те исконтактира ќе дојде директно до твојата врата. Во спротивно, доставувачот ќе го побара телефонскиот број кој ќе го имаш оставено за контакт со цел точно да знае каде треба да се упати.
При проблем со нарачка, препорачливо е да го исконтактирате доставувачот кој ја извршил испораката на таа нарачка, на телефонскиот број кој го пишува на неговиот профил.
Подоцна, истиот доставувач нам ќе ни ги пренесе твоите незадоволства што значи дека тој е првиот конктакт на кого треба да се обратите при било какви проблеми поврзани со нарачки.
Доколку одредена нарачка е згрешена, потребно е веднаш да го исконтактираш доставувачот на телефонскиот број кој е оставен на неговиот профил и да го изразиш своето незадоволство.
Враќањето на пари се случува кога доставувачот ќе се врати за да ја подигне згрешената нарачка.