FoodGuru | Вие грижете се за здравјето, а храната оставете ја на Food Guru
Loading...

Драги гуруа, нарачки примаме од 13.00! 🍀♥️

Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Ресторани »
Најави се
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Вие грижете се за здравјето, а храната оставете ја на Food Guru

„Што да јадам денес?“ е можеби едно од најпоставуваните прашања денес. „Нарачај нешто од интернет“, сакаме да веруваме, е еден од најчестите одговори на ова прашање.


Во време на кризна состојба, кога светот се бори со пандемија каква не паметиме, и кога бизнисите работат со ограничени капацитети и во вонредни услови, можеме да се сложиме дека ова е еден од почестите разговори, посебно помеѓу помладите генерации.


Онлајн нарачувањето, иако присутно во светот од далечната 1994 година, за време на пандемијата се трансформираше од практична можност во апсолутна неопходност за сите. 


Па така, мисијата на Food Guru, од самиот почеток е да ви обезбедиме вкусна храна од огромен број на ресторани во Скопје. Без разлика дали станува збор за сочен бургер, крцкава пица, или чоколаден десерт, на нашиот вебсајт секогаш ќе најдете нешто од кое прсти ќе излижете. 


Ако некогаш сте нарачале на www.foodguru.mk, тогаш сигурни сме дека веќе знаете колку  е лесно онлајн нарачувањето со нас. Наша најголема предност, а воедно и гордост, е брзиот и едноставен процес на нарачување на вашето омилено јадење. Дома, на работа, или „кај другарите“, не е важно - ние сме тука за вас, секогаш и секаде. Дури и сега, во едно од најстрашните времиња во поновата историја.


Покрај лесниот процес на нарачување, горди сме и на можноста за нарачување од три ресторани која ја овозможуваме, како и опцијата за плаќање во готово или со картичка. Онлајн плаќањето, посебно, ни дозволува и вам и нам да ги минимизираме директните контакти, нешто што е есенцијално за состојбата во која живееме. Дистанцата, како што сите знаеме, е клучна за нашето здравје, па ваквата опција е од голема важност за сите вклучени во нашата приказна.



Приморани да се адаптираме на новото “нормално”, додека сите со нетрпение го чекаме моментот на „слобода“, ние научивме да работиме и живееме со рестрикции. Претпоставуваме и вие. Како бренд, во чекор ги следиме сите промени и се прилагодуваме без компромис. За вашето и нашето здравје.


Затоа, бидете сигурни дека ние ви го „чуваме грбот“ и за вас, од првиот ден, се грижиме како за наши најблиски. Бидејќи тоа и сте. Вистината е дека постојано менуваме и подобруваме, сè со цел да ги задоволиме вашите потреби и да ви донесеме среќа (храна) каде и да сте во Скопје.


Вие грижете се за вашето здравје, а храната оставете ни ја нам.