Chat with us, powered by LiveChat FoodGuru | Конец: Едни од најуникатните сендвичи во Скопје
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Конец: Едни од најуникатните сендвичи во Скопје

“Единствено свежо месо, без разлика дали е свинско или телешко””. Според зборовите на Мартин oд Конец, тој не одбира ништо освен свежо месо, набавено од локален месар кому тој целосно му верува. Плешката, секогаш со коска, затоа што така се пече - ми раскажа - а кртината се остава во сос, да мириса на специјалитет различен од било кој до сега.


Конвектоматот се загрева на температура не многу висока, околу 125 степени. Месата се печат исклучиво во ваква печка која работи на пареа и име нетолку познато име за нас - оние кои не сме дел од оваа индустрија. Двете меса, претходно приготвени со многу внимание, се печат одделено без масло, со тоа што свинското месо се пече 6 часа во загреан конвектомат додека пак телешкото месо се пече цели 8 часа. Да, процесот одзема 8 часа и баш затоа крајниот резултат е незаменлив.



Меѓувремено скоро секогаш се работи на сосовите, салатите, и додатоците. Автентични и вкусни. Што и да одбереш нема шанса да погрешиш. Лутиот сос е единствен што го купуваат, додека останатите се по рецептот на сопственикот. Салатите исто така, приготвени се од страна на тимот па затоа се секој пат свежи и оригинални. 


Времето потребно за печење на месото во многу наврати е повеќе од доволно за да се подготви сѐ останато, и затоа организацијата никогаш не е проблем.



Месото се вади од печка, со што цела просторија замирисува на него. Остава силен траг, исто како и неговиот вкус. Запечено е одозгора, скоро е кафеаво, но внатре меко е како душа. Лесно се разделува, а уште полесно се јаде. Скоро е невозможно да не го пробаш додека гледаш како го цепкаат ситно па сето се прави како конци. Oттука потекнува и името на ресторанот. За сите кои обожаваат месо, глетката е рај за очи. Мирисот е незамислив. Спојот е неспоредлив.


На крајот, така испечено месото се става меѓу две зацрвенети парчиња леб, се додава малку сос и салата за да не го украдат вниманието од месото, и истото така едноставно а комплексно, се склопува за некои гладни - како јас и ти да можеме да уживаме во него.


И, вака некако завршува приказната за еден сендвич каков што друг во Скопје нема. Глас го бие дека бавно се прави ама брзо се јаде, а и повистина не може да биде.



Сите вакви уникатно вкусни сендвичи можеш да ги погледнеш тука и се надевам дека од прва ќе си го пронајдеш омилениот.