Chat with us, powered by LiveChat FoodGuru | Култни скопски херои: Запознај го семејството на Аванти!
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Култни скопски херои: Запознај го семејството на Аванти!

Колку често одвојуваш време да слушнеш некоја приказна што твоите родители, баби или дедовци сакаат да ти ја раскажат?


Eпа можеби е време.


Денес, решив да ви раскажам приказна, стара толку години скоро колку што бројам јас. Со сите вас сакам да ја споделам приказната за Аванти, едно од најкултните места кои постојат во Скопје, и за семејството кое стои позади ова име. 


Животниот тек на Аванти започнува во 1993 година во населба Ѓорче Петров и за краток период станува омилено збирно место на локалните. Љубовта кон добра храна и пријатен амбиент креираше едно “Аванти” семејство кое во години што доаѓаат ќе го следат и посетуваат ресторанот колку и да ја менува локацијата. Денес, 27 години подоцна, местото каде за прв пат е отворен ресторанот Аванти во Ѓорче Петров, сѐ уште е познато како “Кај Аванти” меѓу сите од населбата, такси возачите, и “постарата школа”. 



Сопственикот на Аванти - Бобан, инаку скромен но амбициозен човек, занаетот го научил од неговиот драг, покоен пријател Горан Огненовски попознат по неговиот прекар Гиго. Сакајќи да ја продолжи традицијата како и да го задржи квалитетот кој тогашната Пицерија Гиго го нудела, Бобан се одлучува за свој - семеен бизнис кој веднаш ќе прерасне во нивно “чедо” за кое сите лавовски ќе се борат да успее. 


Па така, сѐ што треба да знаеш за Аванти, веќе е јасно напишано на првата страница од нивното мени;


Почитуван пријателе,

добредојде во ресторанот „Аванти“. Уште од 1993 година ние се обидувавме да го пронајдеме вистинскиот баланс помеѓу квалитетот, традицијата и довербата. Уверени сме дека успеавме. 


„Мудроста е ќерка на искуството“. Со своето присуство ти ни овозможуваш да ти го пренесеме акумулираното познавање на националниот и интернационалниот спектар на вкусови.

За нас, подготвувањето на храната претставува вистинска љубов. И ние стоиме исправени пред предизвикот да ја пренесеме таа љубов на нашите клиенти. Затоа што критериумите за вистинскиот успех се слогата и лојалноста кон семејството и кон она што го работиме.


Почитуван пријателе, 

секое семејство има сопствена приказна. Добредојде во нашата...


Аванти, и покрај тоа што во превод значи “напред”, во Скопје е синоним на семејство, квалитет и традиција.


По краткиот, налик носталгичен разговор со сопственикот Бобан за едни почетоци кои го потсетуваа на неспиени ноќи, грешки и желба да се биде меѓу најдобрите на пазарот, тој се потсети себе, а со тоа и мене дека коренот е скоро па секогаш најважен,без разлика на тоа колкав е успехот. 


Иако од 2017 година ресторанот Аванти е лоциран во срцето на градот на улица Македонија, Бобан сепак се присетува дека својата првична клиентела е онаа верната, онаа од населба Ѓорче Петров. Во знак на благодарност за нивната лојалност која се уште постои, до 15.10.2020 сите нарачки до Ѓорче Петров ќе бидат со бесплатна достава. Со ова, сопственикот на Аванти сака да им се заблагодари на сите за довербата како и за тоа дека од многуте семејни бизниси во градот, клиентите од ново и од ново го избираат неговото.



Без разлика на тоа дали си од Ѓорче Петров или не, твојата поддршка за еден ваков сеемен бизнис е од исклучително значење. Денес, избегај и на својата рутина и дај им шанса на Аванти, посебно ако досега ги немаш пробано нивните специјалитети. А менито на Аванти можеш да го најдеш тука.


П.с. Тестото им е нереално добро и ако се мислиш за која точно пица да ја нарачаш, мој најтопол предлог е пицата на куќата - Пица Аванти!