Chat with us, powered by LiveChat FoodGuru | Гуруто откри нова вегетеријанска приказна
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Гуруто откри нова вегетеријанска приказна


Се ближи крајот на Јули. Топло е, асфалтите горат. Половина град веќе со една нога е појден на одмор. На море не може, па со мислите е некаде на езеро, под некоја дебела сенка, додека дува топол, не многу пријатен ветар ама подобро отколку да го нема.


Во цела таа урбана џунгла каде секој тера свој мерак, гуруто реши малку да истражува, да ги размрда работите и вешто да и избега на монотонијата. А, не би бил гуру ако не истражува нови места за храна - обиди кои ги имал во неколку наврати, секогаш успешни.


Вегетаријанска култура. За многумина површно познат поим, за други пак начин на живот. Тек по кој се движат, ритам во кој дишат, здив во кој јадат. Оние кои се на другата страна на оваа приказна, можеби би кажале дека е лудост. Неприсвест да не се јаде месо. Други пак ќе се сложат дека секој има право на избор.


И токму тој избор, таа слобода да биде направен, гуруто го донесе до едно мало скриено катче во градот. Дрвена тераса, весели бои, липова сенка и гостопримливост е она што го задржа, па тој реши да остане, и да ги послуша домаќините.


Во кујната, навидум мала, но доволно голема за неколкуте луѓе кои ведрина носат со себе, е засаден почетокот на револуцијата во македонската култура. Ние, како скромен и прибран народ, чекори три сме назад. Затоа, тимот на ова градско местенце, кои тие го крстиле СК Мабел, решиле да почнат и да завршат со локалното. Па така, неколку нивни спонтани но паметни одлуки родија плод, денес познат како Веге Мени, кое не само што им дозволува да даваат несебична поддршка на македонските земјоделци, туку со самото тоа да и подарат на оваа заедница, малку застарена, избор кој одамна требаше да го има.


Менито, на кое тие се особено горди, изобилува со четири различни видови на бургери, вегетаријански врап, и вегански басмати ориз, сѐ од ова подготвено со подеднаква доза на љубов и внимание. Бургерите, кои инаку им се најнарачуван оброк, секогаш се изработени од нула, што значи дека квалитетот е загарантиран. Од црн грав, тиквички, леќа, па сѐ до сладок компир и печурки, на зеленчуковите комбинации им нема крај.


До идејата за вакви бургери и мени дојдоа неодамна, а инаку работат подолго од една година. Од гостите кои го посетуваат локалот, тимот на Мабел велат дека станале свесни за една огромна група на луѓе чиишто избор за квалитетна храна е многу тесен. Па така започнал предизвикот да направат, како што тие обожаваат да ги нарекуваат - „ве-генијални“ бургери кои ќе им бидат по вкус на поголемиот број уживатели на вегетаријанската храна.


Затоа, Мабел ги охрабруваат сите, и оние кои конзумираат и оние кои не конзумираат месо да им дадат шанса на овие бургери и да го споделат нивното мислење на Фејсбук или Инстаграм. На овој начин сите ние ќе можеме да станеме дел од пишувањето на оваа, за Скопје, нова приказа. Најинтересната работа е што тие охрабруваат со дела, не само со збоови, на тој начин што за секој искрен збор, колку и да е остар и можеби непријатен, следната нарачка направена од нивниот ресторан ќе биде со цена пониска за 15% од редовната. Свесни се дека без нас постојаното подобрување е непремостлив предизвик, и сметаат на нашето чувство на заедништво.


Ајде да поддржиме еден локален бизнис кој вредно се труди да направи промена.


Ајде да излеземе од нашата комфорт зона.


Ајде да поддржиме заедници од кои не сме дел, и начини на живот какви не практикуваме.


Ајде да бидеме тука едни за други, да се разбереме подобро - најдобро - преку храната.


П.С. Целото мени на Мабел e достапно на следниот линк!