FoodGuru | Љубов за ракомет и угостителство: Запознај ја Јулија од Брискет!
Loading...

Драги гуруа, нарачки примаме од 13.00! 🍀♥️

Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Ресторани »
Најави се
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Љубов за ракомет и угостителство: Запознај ја Јулија од Брискет!


Здраво и добредојде во новиот серијал на блогот на FoodGuru - Интервјуа.


Причината позади овој тип на содржини е да ти дозволиме тебе - читателот на нашиот блог а можеби и корисник на нашите услуги, малку подобро да ги запознаеш угостителите во Скопје, нивните животни и бизнис приказни.


Па така, овој серијал го започнуваме  со Јулија Портјанко, во нашата држава попозната како Јулија Николиќ, поранешен играч за женската македонска репрезентација, РК Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар. Денес, Јулија е сопственик на Брискет, едно од најавтентичните места во градот.


Па, ајде да започнеме!

1. Дали може да ни раскажете малку повеќе за Вас? Која е Јулија Николиќ? 

Родена сум во Украина и од шест години тренирам ракомет, што значи дека цел живот го посветив на овој спорт. На своја 20 годишна возраст дојдов во Македонија за да играм ракомет за РК Кометал Ѓорче Петров. Во текот на својата кариера, посетив многу градови и држави, па така се запознав со разни култури и стекнав кулинарски вештини.


Во периодот кога живеев во Франција, бев фасцинирана од нивните специјалитети. Имав голем интерес да ја изучувам нивната традиционална храна, а и храната општо отсекогаш ми била есенцијален дел од животот. Оттаму, честопати бев инспирирана да готвам а понатака и да смислувам свои рецепти. Своето слободно време го исполнував гледајќи различни рецепти на интернет и секој пат имав нешто интересно на ум да подготвам за моите пријатели.


2. Како се одлучивте да станете дел од угостителската индустрија?

Со завршувањето на својата спорцка кариера, сакав да се обидам да направам нешо ново - нешто што ќе ме исполнува. Па така, се запишав на академија за внатрешен дизајн. Во тоа време, тоа беше професија што ме привлекуваше, но љубовта кон готвењето победи.

Затоа, се одлучив да направам комбинација од двете работи што ме правеа среќна и со оглед на желбата да имам нешто свое, го створив и отворив Брискет Сендвич Бар.



3. Која е идејата позади Брискет и што го прави посебен?

Како што веќе спомнав, отсекогаш сум сакала да експериментирам со храната, да мешам различни производи и да создавам нешто мое, уникатно, и неповторливо. Долго време го смислував концептот на Брискет, почнувајќи од секој сендвич посебно и неговите состојки, моите авторски сосови кои исто така сакав да бидат различни и невообичаени, па сè до ентериерот и амбиентот на барот.


Концепт на Брискет е составен од свежи продукти и 100% чисто, тивко печено месо кое секојдневно го подготвуваме без било какви додатоци.


На кратко, идејата позади Брискет е пријатниот амбиент, гостопримливоста, и секако - добрата храна.


Погледни го видeото тука


3. Од досегашната работа, кој е најнарачуван сендвич од Брискет и зошто е така?

Досеа, еден од најнарачуваните сендвичи е Cryspy растурен, кој по мене е поразличен од било што што сте јаделе до сега. Се одликува со панирано крцкаво пилешко месо, помфрит, сето тоа полиено со чедар сос, мајо сос, чили оил и сланина. Brisket Burger е исто така фаворит на купувачите и истиот изобилува со разновидни вкусови на чисто јунешко месо, два вида кашкавал, мешавина од зеленчук и авторски сосови.

---
Сега, откако ја запознавме Јулија подобро, и веќе знаеш малку повеќе за Брискет а сѐ уште му немаш дадено шанса, е вистинското време да го сториш тоа.


Разгледај го нивното мени и нарачај на www.foodguru.mk за брза и лесна испорака.