Chat with us, powered by LiveChat FoodGuru | Брендирани био разградливи кеси: Зошто се одлучивме за овој чекор?
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Брендирани био разградливи кеси: Зошто се одлучивме за овој чекор?

Имаш слушнато за брендот на FoodGuru?

Тогаш, претпоставувам дека веќе знаеш кои се нашите најголеми цели. Доколку не си во тек, би сакалa да ти појаснам.

Листата од наши најголеми цели е едноставна - да обезбедиме одлично корисничко искуство преку совршен продукт каков не постои на пазарот. Покрај ова, FoodGuru како плод на млади умови подготвени да направат промена, има за цел да стане бренд кој секогаш ќе ветува и остварува многу повеќе од единствено достава на храна.



Кога размислувавме на кој начин да го постигнеме ова, опциите беа бесконечни. Сепак, решивме да тргнеме од почеток.

Затоа, почнавме од FoodGuru кесите.

Како и сите сервиси за испорака на храна, истата се доставува во кеси. А, како што сите знаеме кесите, особено пластичните, се едни од најголемите загадувачи на планетата Земја. На некои загадувањето не им е важно, но за нас - тимот на FoodGuru, ова е од исклучително значење. Па така, ја пронајдовме нашата почетна точка.

Денес, FoodGuru доставува храна единствено во хартиени, брендирани, био разградливи кеси. Истите овие кеси, иако можеби нè чинат повеќе од што би нè чинеле пластичните, нас нè прават горди, не само заради нивниот изглед туку и заради тоа што помагаме онаму каде моментално е најранливо.

Две важни работи што треба да ги знаеш за пластичните и хартиените кеси се дека:

На пластичните кеси им се потребни 10-20 години за целосно да се разградат додека пак на хартиените кеси им е потребен само еден месец

Истражувањата покажуваат дека во пластиката има повеќе од 1000 хемикалии, од кои 80% сè уште се непознати. Хартиените кеси, од друга страна, се единствено штетни при запалување, затоа што мастило, лепакот и самиот рециклиран материјал може да емитира штетни материи. Тука, важно е да се напомене дека сите хартиени кеси се различни што значи дека техниката, мастилото, и лепакот кој се користи во процесот на изработка зависат од компанијата која ги изработува.

На тема хартиени кеси што FoodGuru ги користи, потребно е да знаеш дека: Компанијата од која ги набавуваме кесите, Кесанова ДОО, има за цел „да се позиционира во контекст на подигнување на свеста за животната средина низ цела Македонија“;

Хартијата која се користи за производството доаѓа од индустриските шуми во Скандинавија каде повеќе дрва се засадени одошто се искористени во процесот. Овој принцип строго се почитува уште од 1903 година кога е донесен Законот за шумарство;

Доколку сакаш да прочиташ повеќе за ова, кликни тука.

Сега кога знаеш сè, одговорот на „зошто се одлучивме на овој чекор?“, би требало да е повеќе од јасен.

Кесите што ги користиме се нашиот обид да ти помогнеме да не заборавиш дека не е тешко да направиш правилен избор за најмалите секојдневни работи со кои се среќаваш.

Да направиш промена воопшто не е лесно, но, да почнеш од некаде е.

Се надевам дека денес те инспирирав, барем малку.