Chat with us, powered by LiveChat FoodGuru | Како Гуруто им помага на сите фитнес ентузијасти?
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Ресторани »
Најави се
Појадоци
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Фитнес Храна
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Запомни ме?
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Како Гуруто им помага на сите фитнес ентузијасти?

Теоријата тврди дека поголемиот дел од луѓето се хранат или во најмала рака се обидуваат да се исхрануваат здраво. Праксата пак, говори за спротивното.

Да бидеш дел од фитнес заедницата, како што веќе знаеш, значи да посветуваш најмногу внимание на најмалите навики. Од тоа колку вода пиеш дневно до тоа како го приготвуваш месото, ситните работи се најважни. Па така и калориите.

Предводени од мислата да станеме „многу повеќе од достава на храна“, решивме на тебе - љубителот на здрава храна - и сите слични на тебе, да ви понудиме дополнителна опција во која ќе се заљубите.

Доколку имаш слушнато за FoodGuru, тогаш веројатно веќе знаеш за што точно ќе зборувам. Да, токму така, станува збор за FoodGuru фитнес модот.

Единствената цел која сакаме да ја постигнеме со оваа опција е да ти го олесниме секојдневието и да ти ги скратиме маките во мануелното броење на калории без разлика на оброкот и ресторанот кој го спремил.

Со ова, товарот го земаме ние, а на тебе останува само да пронајдеш нешто што е во склоп на твојата диета и да уживаш.

Од прашања кои можеби „ќе те мачат“, ги издвоив::



1) „Како да го користам fitness mode-от?“
Лесно и едноставно. Најди оброк што ти се допаѓа, и кликни на копчето „fitness mode“ кое се наоѓа најгоре на страницата. Толку е едноставно.

2) „Што сѐ содржи овој мод?“
Во однос на нутритивните вредности кои се вклучени, ќе можеш да го видиш бројот на калории како и грамажата на масти, јаглехидрати, и протеини.

3) „Како да знам дека нутритивните вредности се точни?“
Ние - тимот на FoodGuru целосно ја разбираме потребата нутритивните вредности да бидат прецизни и секогаш точни. Затоа, сѐ што ќе најдеш на www.foodguru.mk е пресметано лично од нас, врз основа на информации и грамажите кои самите ресторани ни ги имаат обезбедено.

Токму поради причината што секој ресторан одлучува за составот на оброците, ќе можеш да најдеш оброци кои во основа се идентични, но бидејќи се направени од два или повеќе различни ресторани, имаат различна калориска вредност и нутритивни детали.

Во однос на бенефитите од користењето на овој мод, можам да ги спомнам:

1) Брза и точна проценка на нутритивните вредности
Како поединец, ти немаш начин да знаеш точно како е подготвен некој оброк од страна на конкретен ресторан. Можеш да претпоставиш, но никогаш не можеш да знаеш за сигурно.

Затоа, ние ја превземавме одговорноста да го знаеме секој детал за секој оброк за да можеме да те спасиме тебе од милион прашања околу подготвувањето на храната и нејзините калории.

2) Едноставен начин за неотстапување од диетата
Придржувањето кон диетата не било никогаш полесно. Информациите кои ти се потребни се само на еден клик од тебе.

3) Огромен избор
Нутритивните вредности се пресметани за секој оброк, без разлика на категоријата во која спаѓа. Ова значи дека можеш да најдеш оброци кои ќе се поклопуваат со твојата диета а сепак не се традионалното „ориз и пилешко“ што го јадеш дома секој ден.

По се, се надевам дека модот звучи одлично и дека ќе ти стане новата омилена навика. А доколку вистински му најдеш примена, слободно сподели го со твоите “gym buddies“.

За останатите - оние кои сакаат да јадат без грижа на совест - ве советувам да се преправате дека ова опција не постои. Да не биде дека не сум ве предупредила!